Утрово избувна пожар во владина зграда во центарот на Киев

Утрово избувна пожар во владина зграда во центарот на Киев

Утрово избувна пожар во владина зграда во центарот на Киев, јави украинскиот ТВ канал „Обштественое“.

„Во Печерскиот реон зградата на кабинетот е во пламен“, се наведува во објава на Телеграм.

Порталот „Страна.уа“ објави фотографија на која се гледа густ чад над Плоштадот на независноста.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека станува збор за владина зграда во Печерскиот реон и дека на местото интервенираат противпожарни екипи. 

Зачлени се на нашиот е-билтен