Димовски за „360 степени“ вели немало прислушување и следење, а доколку имало, веднаш да се декласифицираат документите..
„Тврдам дека немало никаква документација што се однесува на прислушување и следење на поранешниот лидер на опозицијата, а доколку такво нешто постои, немаше да има потреба од ништо од ова што се случува, од овој циркус во парламентот, немаше потреба можеби и оваа емисија да ја имаме, ако одлучеа на едноставен начин да се декласифицира документацијата и да се објави“, вели во интервју за „360 степени“ Виктор Димовски, поранешниот директор на Агенцијата за безбедност и разузнавање.
Интервјутот се фокусира на наводите од АНБ дека внатрешна истрага покажала оти Агенцијата била киднапирана од еден поранешен директор и неколкумина вработени, кои злоупотребувајќи ги ресурсите на АНБ се прсметувале со неистомисленици, меѓу кои политичари, новинари, бознисмени…
Целото интервјуто со Димовски можете да го гледате на видеото на Јутјуб каналот на „360 степени“.