Лејди Гага е прогласена за уметница на годината на овогодинешната церемонија на MTV Video Music Awards (VMAs), освојувајќи вкупно четири награди.
Во оваа престижна категорија таа ја надмина силната конкуренција во која беа Тејлор Свифт, Бијонсе и Кендрик Ламар. При примањето на наградата, Гага изјави дека ја посветува на своите обожаватели – „Little Monsters“ – како и на својот свршеник Мајкл Полански.
„Бити уметник значи поврзување на душите ширум светот. Тоа е занает кој допира до срцето, остава корени и ги потсетува луѓето да сонуваат,“ изјави таа.
Покрај главната награда, Лејди Гага ги освои и признанијата за најдобра режија и најдобра сценографија за спотот „Abracadabra“, а заедно со Бруно Марс ја доби и наградата за најдобра соработка за хитот „Die With A Smile“.
Бруно Марс, заедно со Роуз од групата Blackpink, ја освои наградата за песна на годината за „APT“, додека Blackpink беа прогласени за најдобра група.
Вечерта беше успешна и за Аријана Гранде, која ги освои наградите за видео на годината, најдобар долгометражен спот и најдобар поп видео со песната „Brighter Days Ahead“.
Сабрина Карпентер доби три статуетки, вклучувајќи ја и онаа за албум на годината („Short n’ Sweet“), додека Мараја Кери ја освои својата прва VMA награда за најдобро R&B издание, по што ја доби и престижната награда Video Vanguard.
Специјални признанија беа доделени на Рики Мартин, кој ја отвори вечерта со спектакуларен настап и доби награда за латино икона, како и на Баста Рајмс, награден со Rock The Bells Visionary за својот придонес во музиката.
Во текот на шоуто беше оддадена почит и на Ози Озборн, поранешен пејач на Black Sabbath, кој почина во јули.
Меѓу останатите добитници се издвојуваат: Doechii (најдобар хип-хоп и најдобра кореографија), Тејт Мекре (монтажа и песна на летото „Just Keep Watching“), Coldplay (рок категорија со „All My Love“), Sombr (најдобар алтернативен настап) и Шакира, која победи во латино категоријата со „Soltera“.

