Македонија како див запад, од 10 уапсени возачи, седум возеле без да имаат положено

МВР информира дека во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници уапсиле 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, седум управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.А.(41), Ш.Џ.(23), 20-годишната Е.Љ. и 16-годишник, сите од Скопје, Ф.И.(45) и С.К.(56), двајцата од скопско и С.Х.(44) од Тетово. Со активна мерка – забрана за управување на возило возеле Б.Д.(45) од Велес и С.Б.(25) од Гостивар. Додека, пак, под дејство на алкохол возел Т.Н.(37) од Гостивар.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. 

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“ велат од МВР.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?