Двајца полицајци и двајца цивили се повредени во експлозија во Атина, соопшти полицијата.
Експлозијата се случила во станбена зграда, а четворица повредени лица се префрлени во болница, јавува Ројтерс.
Полициски службеник изјави дека експлозијата се случила кога полицајците пристигнале во зграда во населбата Колонос и зеле ранец за кој се верува дека содржи дрога.
Полицијата претходно добила повик од управникот на зградата, кој ги информирал за наводни наркотици на влезот.
Тој бил повреден и во експлозијата, која полицијата не ја третира како терористички чин, додаде официјалното лице.
