Ова се 10-те најплатени фудбалери во светот

Десетте најплатени фудбалери во светот треба да заработат вкупно 942 милиони долари, според процените на Форбс. Кристијано Роналдо води четврта година по ред со 300 милиони, повеќе од двојно во споредба со Лионел Меси.

Меси е втор со 145 милиони долари. Поголемиот дел од неговата заработка, 75 милиони, доаѓа од спонзорства и други комерцијални активности.

Килијан Мбапе е трет со 100 милиони долари. Четврти е Ерлинг Халанд со 85 милиони, а петти Винисиус Жуниор со 76 милиони.

Ламин Јамал е шести со 55 милиони долари, Садио Мане седми со 54 милиони, а Џуд Белингам осми со 45 милиони.

Листата ја заокружуваат Хари Кејн на деветтото место со 42 милиони долари и Мохамед Салах со 40 милиони.

Сумите се процени пред даноци и агентски провизии, а опфаќаат спортски и комерцијални приходи. Пресметката се однесува на сезоната 2026/27, освен кај Меси, чии приходи од играње се за календарската 2026 година.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?