Хаос во Куманово: Фекалии по улиците, станарите велат – „Како во Кабул“

Станарите на згради на улиците Панчeвачка и Трета Македонска во Куманово со години живеат во нечовечки услови – фекалии од канализација се излеваат и се слеваат по улиците. Жителите велат дека проблемот трае веќе осум години и ситуацијата е неподнослива, особено во лето кога смрдеата е неизводлива.

„Куманово ли е, Кабул ли е – проценете сами. Веќе не можеме да излеземе на тераса, а кога врне дожд, канализацијата се излева уште повеќе,“ сведочат граѓаните.

Проблемот, според нив, настанал со изградбата на нови згради од фирмата „Декстера“, денес „Мастер“. Недовршено градилиште, оставено во застој четири години, предизвикува свлечиште што ги оштетува ѕидовите и носечките столбови на околните згради.

Иако жителите повеќепати се обратиле до градежната инспекција и инвеститорите, реакција нема. „Станарите страдаат, а градежната мафија си ги полни џебовите,“ велат луѓето, обвинувајќи го и градоначалникот Мaксут како одговорен што проблемот не се решава.

Извор: Инфомакс

Зачлени се на нашиот е-билтен