Над 300 јужнокорејски државјани ќе бидат ослободени и вратени дома по масовната имиграциска рација во фабрика на „Хјундаи“ во американската сојузна држава Џорџија.
Во акцијата, изведена од стотици федерални агенти, беа приведени вкупно 475 лица, главно јужнокорејци, во комплексот каде што се произведуваат електрични возила и батерии.
Според договор меѓу Сеул и Вашингтон, јужнокорејските работници ќе бидат репатрирани со чартер-лет веднаш по завршување на административните постапки.