Се бараат 2.000 статисти со специфични карактеристики за „Ѓаволот носи Прада 2“

Култниот филм „Ѓаволот носи Прада“ добива продолжение – овојпат со големо снимање во Милано, кој ќе се претвори во отворен филмски сет.

Снимањето е закажано од 1 до 16 октомври, а првата избрана локација е елегантниот RG Showroom – совршена сцена за филм кој повторно ќе го прослави светот на меѓународната мода.

Кои се бараат?

Продукцијата ќе вклучи околу 2.000 статисти, но не станува збор за обична масовка. Критериумите се строго дефинирани:

  • кандидати постари од 30 години
  • лица кои професионално работат во модата, дизајнот, комуникациите или организацијата на настани

Така, нивното присуство нема да биде само „декор“, туку ќе придонесе за автентична и жива слика на миланската модна сцена.

Враќање на култната екипа

Најголемата вест е што Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи повторно ќе се најдат заедно пред камерите, во своите препознатливи улоги. Првите фотографии веќе пристигнаа од сетот во САД, а сега следуваат сцените во Италија.

Посебна внимание ќе биде посветено на естетиката – статистите ќе имаат однапред дефиниран стилски moodboard, со насоки за изглед и однесување, за да се постигне софистицирана атмосфера каква што бара филмот.

Големи очекувања

Снимањето се одвива помеѓу Њујорк и Италија, а премиерата е закажана за 1 мај 2026 година – токму пред пролетта и само два дена пред гламурозниот Met Gala.

Со ова, Милано ќе стане пулсирачка точка на една од најочекуваните филмски продукции, каде што реалноста и фикцијата ќе се спојат во спектакл кој ветува да биде исто толку култен како и оригиналот од 2006 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен