Шефот на Ryanair: Можно е никогаш повеќе да не се обидеме да се вратиме во Израел

Ирската нискобуџетна авиокомпанија Ryanair можеби нема да се врати во Израел дури ни по завршување на актуелното насилство поврзано со конфликтот во Газа, изјави главниот извршен директор на групацијата, Мајкл О’Лири, пренесе Times of Israel.

„Мислам дека постои реална можност повеќе да не се обидуваме да се вратиме во Израел… дури и кога сегашното насилство ќе стивне“, изјави О’Лири пред новинарите во Даблин.

Според него, израелските аеродромски власти го “завлекуваат” Ryanair, поради што се доведува под прашање целосното враќање на авиокомпанијата на пазарот.

Ryanair веќе претходно ова лето објави дека нема да ги обнови летовите кон Израел барем до 25 октомври, но новите изјави на О’Лири навестуваат дека одлуката може да стане и трајна.

Зачлени се на нашиот е-билтен