Google Maps има функција што ќе ви помогне да не заборавите каде сте паркирале

Колку пати ви се случило да излезете од дома или од маркет и да се прашувате – каде точно го оставив автомобилот? Google Maps има едноставно решение за тоа.

Популарната апликација што секојдневно ја користиме за навигација има вградена опција со која можете да ја зачувате локацијата на паркирањето.

Како да ја користите:

  1. Отворете ја апликацијата Google Maps.
  2. Допрете на сината точка што ја прикажува вашата моментална локација (се активира кога GPS е вклучен).
  3. Ќе се појави мал прозорец со опцијата „Зачувај паркинг локација“.
  4. Со еден клик, вашето паркинг место е зачувано и подоцна лесно ќе го најдете автомобилот.

Практично, брзо и корисно – особено во гужви или големи паркинзи.

Зачлени се на нашиот е-билтен