Три руски борбени авиони од типот МИГ-31 денеска без одобрение навлегоа во естонскиот воздушен простор над островот Виндло, каде останале околу 12 минути, пренесе порталот „Err.ee“.
Според информациите, авионите летале без претходно поднесен план за лет, со исклучени транспондери и без двонасочна радио комуникација со естонските служби за воздушен сообраќај.
Министерството за надворешни работи на Естонија веднаш го повика вршителот на должноста руски амбасадор во Талин на разговор, при што му беше врачена протестна нота.
– „Русија годинава веќе четири пати го наруши нашиот воздушен простор, што е само по себе неприфатливо. Но денешниот инцидент, кога три борбени авиони истовремено навлегоа во Естонија, претставува невидена бруталност,“ изјави министерот за надворешни работи Маргус Цакна.
Тој додаде дека зголемената агресија и гранично тестирање од страна на Москва мора да бидат спречени со засилен политички и економски притисок.
Ова е втор ваков случај овој месец – претходно Русија наруши естонски воздушен простор со хеликоптер МИ-8, исто така во близина на островот Виндло.