Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шкријељ: Политичарите го јакнат национализмот; Хоџиќ: Дали Македонија во пракса станува бинационална држава?

Пратеничката Санела Шкријељ, во своето обраќање на конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за Слобода, вели дека мултикултурализмот се соочува со предизвици.

„Под различности не спаѓаат само етничките групи, туку сите суб-групи кои имаат повеќе идентитети. Нашите идентите се градат во интеракција со различностите. Нашиот идентитет не може да е загрозен туку може да е зацврстен кон патот кон Европската унија.

Таа посочи дека едно неодамнешно истрашување покажа дека имаме проблеми да живееме едно со други, или да живееме во близина на некои одредени групи.

Почитувањето на мултиклтурализмот, на различностите и дијалогот се наша оштетсвена преокупација. Поради различности нашиот идентитет никогаш и никако не може да биде загрозен. Напротив, колку сме поразлични во етничка смисла толку заедно сме поцврсти. За жал потојано сме сведоци на појави на анти движења од сите видови, на појави на национализам, на ксенофобии, на говори на омраза и разни пропаганди за нееднаквости. Политичарите го јакнат национализмот. Политичарите во своите говори на конференции се залагаат за мултикултурализмот, но дали по завршување на конференцијата навистина се залагаат за тоа?

Таа нагласува дека за сево клучот е во обрзование. Во посветеноста на возрасните спрема воспитувањето на децата. Дали нашите најмали ги учиме да живеат едни покрај други или едни со други. Ние знаеме дека само преку второво можеме да изградиме и здрви генерации и здрво и оджливо општество.

Во образованието се вклучени изучување на јазикот и културата на другите. Ние возрасните треба да се запрашаме дали навистина ги учиме нашите деца на вистинските вредности и почитување на различностите“, рече Шкријељ.

Заменик директорот на АОПЗ, Џелал Хоџиќ се обрати на конференцијата нагласувајќи дека Република Северна Македонија по својата природа е мултиетничка.

Хоџиќ потсети дека во првата деценија од независноста имавме дебата дека Македонија е на Македонците или на сите нејзини граѓани, а веќе 20 години после Рамковниот договор имаме една друга дебата, која не треба да ја игнорираме, дали Македонија во пракса станува бинационална држава или треба да се почитува тоа што е нејзина суштина дека е мултикултурно општество

Она што нè погодува сите е иселувањето. Тоа ги погодува сите граѓани, сите семејства, вклучително сите етнички заедници, вели Хоџиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен