Левица најавува тужби за АВМУ и ДИК

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, јавно ги обвини Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Државната изборна комисија (ДИК) за лицемерие и селективна примена на правилата за платено политичко рекламирање, тврдејќи дека со новите упатства се создаваат поволности за едни, а рестрикции за други.

Во својата реакција Апасиев наведе дека во упатствата се „измислува“ термин „поддржувач“ за да се овозможи плаќање реклами за одредени субјекти кои формално не се коалиција, додека за Левица, вели, институциите одбиваат толкување што би обезбедило еднаков пристап.

Партијата најави кривични пријави и тужби за надомест на штета против членовите на ДИК и Советот на АВМУ, како и можна постапка пред Европскиот суд за човекови права.

Зачлени се на нашиот е-билтен