Курти бара француска поддршка за членството на Косово во ЕУ и НАТО

Курти
Косовскиот премиер Албин Курти на средбата со претседателот на францускиот Сенат, Жерар Ларше, во Париз.

Косовскиот премиер Албин Курти побара француска поддршка за европската интеграција на земјата и пристапувањето кон НАТО за време на средбата со претседателот на францускиот Сенат, Жерар Ларше, во Париз.

Средбата се одржа како дел од учеството на Курти на Парискиот мировен форум и официјалната вечера што ја организираше францускиот претседател Емануел Макрон.

Двајцата разговараа за голем број прашања, вклучувајќи ја институционалната стабилност и инвестициските приоритети на кабинетот во Приштина.

Курти нагласи дека Косово целосно ги усогласило своите позиции со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Тој рече дека доделувањето статус на кандидат и започнувањето преговори за членство ќе дадат дополнителен поттик за развојот на земјата.

„Премиерот Курти изјави дека Република Косово целосно ја усогласило својата политика со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и дека доделувањето статус на земја кандидат и започнувањето преговори за членство, покрај тоа што се правилни одлуки, ќе го стимулираат целокупниот напредок“, се вели во владиното соопштение.

Косовскиот премиер, исто така, ја истакна клучната улога на Париз во напредокот на земјата кон евроатлантските структури.

„Курти додаде дека поддршката на Франција за зајакнување на позициите на нашата република во овој процес е од големо значење, како и за пристапувањето во НАТО, што би придонело за траен мир и долгорочна безбедност во Западен Балкан и цела Европа“, се додава во соопштението.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?