Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ИЗБОР) Албански медиуми: Тотална победа на социјалистите во Албанија; По 1.500 фунти за секој вратен албански затвореник; Дијалогот Косово-Србија без напредок

По многу конторверзии, скандали, апсења, купување гласови и низа други изборни нерегуларности, според албанските медиуми, Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама извојува речиси тотална победа на локалните избори што се одржаа на 14 мај во Албанија. Загубата на Демократската партија пак, аналитичарите тврдат дека доаѓа и од бојкотот на граѓаните. Косовските медиуми информираат дека дијалогот помеѓу Косово и Србија е во статус кво состојба,односно, нема напредок, и дека без силен притисок од меѓународната заедница, дијалогот може да пропадне.

Ова се дел од темите, од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

Арбреш: Тотален триумф на Социјалистичката партија, ги контролира советите и таму каде што ги изгуби градоначалниците

„Социјалистичката партија потврдува речиси целосна победа на изборите на 14 мај.

Резултатите покажуваат не само партија со мнозинство градоначалници во земјава, туку и доминација на социјалистички советници кои ќе ги контролираат дури и оние општини каде што градоначалниците не се од неа.“, пренесе албанскиот медиум Арбреш.

Албеу -Аналитичари за ВОА за локалните избори: Длабоката загуба на ДП дојде од бојкотот на граѓаните

„Во Албанија, независни истражувачи и опозициски политичари тврдат дека длабоката победа на Социјалистичката партија на локалните избори дојде најмногу поради тешката ситуација во која денес се наоѓа Демократската партија.

Сметаат дека граѓаните ја напуштија Демократската партија, бидејќи таа се појави поделена, без алтернатива и конфликтна и дека нејзиното суштинско закрепнување ќе ги отуѓи политичките случувања во Албанија.“, пренесе Албеу.

Ора Њуз: На албанските затвореници британската влада им плаќа 1.500 фунти за да се вратат дома

„Британската информативна мрежа Би-Би-Си го врати вниманието на илегалната имиграција на Албанците во Британија, како и на Албанците кои отслужуваат казни во тамошните затвори.

Во подолг извештај, новинарката Луси Вилијамсон вели дека на некои затвореници им биле понудени 1.500 фунти за да заминат, а некои планираат да се вратат, гледајќи го ова како можност за спас од затвор, бидејќи во Албанија не се принудени да се вратат во затворите.“, пренесува Ора Њуз.

КОСОВО

Сури: Нема резултат од средбата на главните преговарачи Бислими – Петковиќ во Брисел

„Без резултати заврши средбата во Брисел меѓу главните преговарачи на Косово и Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ. Медијаторот Лајчак вели дека дискусиите ќе продолжат на ниво на работни групи и експерти.“, пренесе Сури.

Газета Експрес: Без голем притисок, дијалогот ризикува да пропадне

„Без постојан меѓународен притисок, не се очекува напредок во дијалогот Косово-Србија, велат познавачите на политички прашања Артан Мухаџири и Душан Јањиќ.

Според нив, процесот на нормализирање на односите меѓу двете земји ризикува да пропадне.

Коментарите следуваат по новата рунда разговори што се одржаа во понеделникот во Брисел меѓу главниот преговарач на Косово, Бесник Бислими, и неговиот српски колега, Петар Петковиќ.“, пренесува Газета Експрес.

КОЛУМНА

 Факс Веб: Загубата на народот и државата не е победа!

„Овие локални избори во Албанија го открија и феноменот што некогаш се случи во Македонија на Груевски, кој никој не можеше да го победи со глас, бидејќи тој владееше по принципот што денес го практикува„Сликарот“ : колку државата и народот се осиромашени, толку повеќе му паѓа цената на гласачот.“, пишува авторот Ким Мехмети во колумната „Загубата на народот и државата не е победа!“, објавува Факс Веб.

Д. Тахири (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен