Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски на Самитот на лидерите на Советот на Европа: Европа е обединета во барањето одговорност за злосторствата во Украина

Премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на четвртиот Самит на лидерите на Советот на Европа во Рејквавик на Исланд, кажа дека кога во Европа се случи незамисливото, што предизвика огромно страдање на украинскиот народ и опустошување на земјата, која, како што додаде, сакаше да го избере својот иден пат и своите сојузници, се покажа непоколебливата солидарност и веднаш беше исфрлена Руската Федерација од Советот на Европа.

– Стоевме и сè уште сме обединети во барањето одговорност за извршените злосторства. Почнавме да размислуваме и за тоа што добро правиме во Стразбур и каде можеме да се подобриме. И правиме многу добро. Започнувајќи како мировен проект во 1949 година, Советот се разви во светилник на надеж за милиони Европејци преку Европската конвенција за човекови права. Неговите норми и стандарди придонесоа за подобрување на животот на нашите граѓани. Нејзините органи на набљудување служат како чувари на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Она што нашите граѓани го очекуваат од нас како лидери е повторно да се посветиме на вредностите што сите претпоставувавме дека ги почитуваат при приклучувањето кон оваа организација – да покажеме политичка волја и да ја зајакнеме нашата колективна решеност за да го одвратиме демократското назадување, што го вознемирува нашиот континент далеку пред агресијата против Украина. И да се обезбеди живот во стабилност и достоинство за секој поединец и просперитетни и издржливи општества, додаде премиерот.

Ковачевски потенцира дека Северна Македонија целосно ја поддржува Декларацијата од Самитот и сите анекси.

Најново