Минхен утрово е во целосна блокада поради сериозен инцидент со експлозии и пукање во северниот дел на градот. Специјалните полициски единици и експерти за бомби се распоредени на улицата Лерхенауер, каде што се случила драмата.
Според информациите, полицијата пронашла тело на маж за кој постои сомнеж дека поставил експлозиви во куќата на своите родители, ја запалил, а потоа извршил самоубиство. Во близина е пронајдено и друго лице со прострелни рани, пренесува германски „Билд“.
На фотографиите од местото може да се забележи целосно изгорено комбе, додека единиците за деактивирање бомби ја обезбедуваат областа. Сведоци велат дека детонациите се слушале на километри, а атмосферата е напната и преполна со сирени.
Голем дел од населбата е блокиран, жителите се во паника, а полицијата апелира да се избегнува регионот. Иако сцената личи на терористички напад, надлежните соопштија дека нема опасност за јавноста и дека случајот не е поврзан со Октоберфест.