Белградски медиуми: Загинатиот во експлозија во стан во Белград од експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога, најверојатно бил Македонец

Загинатиот во експлозија во стан во Белград најверојатно бил Македонец, објавуваат српски медиуми

Во експлозија што се случи вчера во изнајмен стан на улицата Косовска во Белград, најверојатно загинал граѓанин на Македонија додека подготвувал експлозивна направа со голема разорна моќ наменета за ликвидација, објави Блиц. 

Се уште се чека официјална потврда на идентитетот, но сите полициски служби, Безбедносно-информативната агенција и Вишото јавно обвинителство во Белград се ангажирани во решавањето на тој случај.

„Оперативните информации укажуваат дека бомбата била за дилер на дрога од Белград. Целата мрежа на криминални пресметки што е подготвена во главниот град е поврзана со структури за поддршка блиски до криминални групи“, изјави соговорник  за Курир.

Експлозијата беше натретиот кат од зграда во таа улица во Белград. Првичните информации беа дека експлодирала плинска боца.
Засега нема официјално соопштение од полицијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен