Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, одби да повика на откажување на пропалестинските протести по терористичкиот напад во близина на синагога во Манчестер, наведувајќи дека граѓаните имаат право на „мирни и законски“ демонстрации.
Кан наведе дека луѓето треба да бидат „свесни за ужасниот терористички напад“, пренесе британски „Телеграф“.
За денеска е закажан протест во знак на поддршка на забранетата терористичка група „Палестинска акција“.
Се очекува околу 1.500 луѓе да учествуваат на протестот.
Во терористичкиот напад во Манчестер загинаа двајца мажи, а тројца беа тешко повредени.