Воздушниот сообраќај постепено е обновен на аеродромот во Минхен откако беше блокиран од мистериозни дронови
Сообраќајот постепено е обновен утрово на аеродромот во Минхен по доцнењата предизвикани од видувања на дронови, потврди локалната полиција.
Администрацијата на вториот најголем аеродром во Германија соопшти дека може да се очекуваат доцнења во текот на целиот ден.
Се додава дека воздушниот сообраќај бил прекинат синоќа, што предизвикало прекин на неколку десетици летови со приближно 6.500 патници.