За да се собере доволно пари за еден грам од најскапата супстанца на светот, човештвото би морало да работи 90 години — и дури ни тогаш не би можело да ја купи. Станува збор за антиматерија, чија вредност се проценува на повеќе од 9.000 билиони евра по грам.
Антиматеријата е спротивност на обичната материја — нејзините честички (антипротони, антиелектрони и антинеутрони) при контакт со материјата се уништуваат, ослободувајќи огромна енергија. Таа првпат била теоретски предвидена од Пол Дирак во 1928 година, а четири години подоцна и експериментално потврдена.
Иако звучи како научна фантастика, антиматеријата навистина постои — се создава во најсовремените лаборатории како CERN, но и во природата. Мали количини се појавуваат при радиоактивен распад на елементи како калиумот, па така бананата, која е богата со калиум, секоја секунда произведува по еден антиелектрон (позитрон).
Научниците се надеваат дека со нејзино понатамошно проучување ќе се открие повеќе за потеклото на вселената и можностите за користење на антиматеријата како извор на енергија — иако засега тоа останува само визија за далечната иднина.