На улица во Љубљана во петокот било пронајдено безживотно тело, за кое по спроведените анализи и истрагата е утврдено дека припаѓа на 38-годишен маж од Македонија, соопшти словенечката полиција.
„Пронајденото тело, кое беше пријавено во петокот, му припаѓа на 38-годишен државјанин на Македонија,“ изјави портпаролката на Полициската управа Љубљана, Шпела Шкопорц.
Според првичните неофицијални информации, мажот бил претепан до смрт.
Полицијата извршила увид на местото на настанот, а е наредена и судска обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.
„Причината за смртта сè уште не е потврдена. Интензивната кривична истрага е во тек, а надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди,“ додаде портпаролката.