Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

 Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа.

Според египетската телевизија „Ал-Кахера њуз“, разговорите почнале со дискусии за размена на заложници за палестински затвореници.

Египетските и катарските медијатори работат со двете страни за да воспостават механизам за ослободување на сите заложници и размена на палестински затвореници, јави „Ал-Кахера њуз“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен