Швајцарското сирење Le Gruyère AOP Vieux ја освои титулата за најдобро сирење на светот на престижното натпреварување Mondial du Fromage 2025, кое се одржа средината на септември во Туру, Франција. На оваа голема манифестација се собраа водечките експерти од индустријата за сирења од цел свет.
На повеќедневниот настан, кој вклучуваше саем, дегустации под стручни насоки и натпреварување за најдобар производител на сирења, сирењето Le Gruyère AOP Vieux го освои првото место меѓу повеќе од 1.900 изложени примероци. Сирењето го произведува Симон Мигје од Fromagerie La Côte-aux-Fées.
Адам Џеј Московиц, претседател на нјујоршката организација Maker to Monger, кој истакна: „Светот на занаетчиски сирења е како глобално село. Сирењето е одличен учител, а Mondial е едно од тие искуства каде што ‘селото‘ се собира.“
Le Gruyère AOP веќе долго време доминира на меѓународните натпревари. Пред оваа година, сирењето пет пати било прогласувано за „Best in Show“ на World Cheese Awards од 1992. година, а три пати на World Championship Cheese Contest. Овој врвен швајцарски специјалитет се произведува од кравјо млеко од строго дефинирана географска област, под надзор на организацијата Interprofession du Gruyère, која го регулира и штити производството на Gruyère AOP.
„Le Gruyère AOP редовно добива повисоки оценки од другите сирења, благодарение на строгите критериуми за оценување кои минимизираат технички грешки,“ изјави Емилија Д’Алберо од Formaticum, компанија која се бави со производство на специјализирани материјали за чување сирење.
„Високиот квалитет на суровините, вештината на производителите и швајцарската страст за извонредност создаваат сирење кое е технички совршено, секогаш вкусно, и секако различно во зависност од производителот.“
Le Gruyère AOP има различни карактеристики во зависност од староста на сирењето. Може да има млечни и кисели ноти, но и солени, месни и умами тонови. Поради својата разноврсност, ова сирење е идеално во секое време на денот – самостојно, во сендвич или растопено во разновидни јадења.