Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Сали: Министерството не е мое за да го отстапам, сигурно ќе го наследи некој по мене

Министерството не е мое, сигурно ќе го наследи некој по мене. Вака одговори денеска министерот за здравство Беким Сали на прашање дали ќе го отстапи Министерството за здравство на Алијанса за Албанците или ќе има излез од владата.

– Тоа се политички одлуки, сѐ уште нема конкретни разговори, нема преговори, сето ова е во делот на шпекулации што се повторуваат од септември наваму. Веќе петти месец се соочувам со прашањето дали ќе го отстапам Министерството. Не е мое. Јас сум го наследил од некој министер, сигурно ќе го наследи некој после мене. Важно е кој било да е во оваа позиција, да биде максимално посветен на првично функционирање на системот, а потоа и промоција, како што денеска промовираме убави вести за нова опрема што се дава на одредени јавни здравствени установи, што е во интерес на навремено дијагностицирање и пружање на здравствена заштита, нагласи Сали.

Министерството за здравство попладнево прими донација на медицинска опрема од страна на Ротари клуб Скопје – Центар.

Зачлени се на нашиот е-билтен