Премногу значење му се дава на европратеникот Џамбаски кој досега беше казнет парично поради своите фашистички погледи, неговата партија не можеше четири пати да се избори за влез, истакна новинарот Зоран Иванов во емисијата „Аргумент плус“ на 24ТВ.
Според Иванов, бугарски истакнати политичари, упатуваат критики на наша релација, но остри забелешки упатуваат и кон бугарските изјави кои имаат за цел Македонија да ја турнат назад, односно да ја оддалечат од европскиот пат.
Што се однесува до Радев, Иванов истакна дека сите анализи укажуваат на тоа дека погледот му е на свртен кон исток, не на запад. Радев гледа да ги развлече изборите, прашање е дали е во договор со социјалистичка партија го држат мандатот.
Во однос на нашето пренесување на настаните, Иванов смета дека премногу вести, директни преноси, фокусот го ставаат на Џамбаски, додека тоа воопшто не е случај во Бугарија, каде Џамбаски е присутен само на дел од патриотските телевизии.
Премногу фама креваме и уште повеќе го разгоруваме антагонизмот кој некому му одговара.
Кога станува збор за 4 февруари, Иванов на настанот гледа како на фудбалски натпревар – два табори кои присуствуваат и нагласува дека држава има безбедносни протоколи, полицијата знае како да го изменаџира тоа.