Група од четворица маскирани напаѓачи вчера извршија дрска и прецизно испланирана кражба во прочуениот париски музеј Лувр, во галеријата „Аполон“. Според француските власти, нападот траел само неколку минути, а сторителите избегале на моторцикли со голема брзина.
На социјалните мрежи веќе се појави видео снимка од безбедносните камери, на која се гледа како еден од крадците со чекан го разбива стаклото на витрината во која бил изложен скапоцен накит.
The Louvre robbery was carried out by a group of four criminals, two of whom disguised themselves as workers and wore yellow vests, according to Le Parisien.
— lone wolf (@MApodogan) October 19, 2025
According to the newspaper, two of the nine stolen pieces of jewelry have already been recovered. pic.twitter.com/DxEMURt0O5
Професионално изведена кражба
Според јавната обвинителка Лора Бекуо, станува збор за специјализирана криминална група од четири лица со делумно покриени лица. Напаѓачите влегле во музејот преку механизирана платформа што самите ја донеле, со која пристапиле до горниот прозорец и го разбиле стаклото на две високобезбедносни витрини.
Кражбата траела околу четири минути, а француската министерка за култура Рашида Дати изјави за телевизијата TF1 дека „се работи за професионалци“.
Во истрагата се вклучени околу 60 истражители, а според обвинителката, постои „целосна решеност сторителите да бидат пронајдени“.
Бекуо потврди дека алармот бил активен, но крадците успеале да им се заканат на чуварите и да избегаат пред полицијата да пристигне.
Оставена опрема и евакуиран музеј
Француското Министерство за култура соопшти дека системите за аларм на надворешниот прозорец и на витрините биле во функција, а обезбедувањето веднаш реагирало, евакуирајќи ги посетителите и повикувајќи полиција.
Брзата реакција, според министерството, спречила поголема штета – крадците биле присилени да побегнат, оставајќи дел од опремата зад себе.
Украдени историски предмети
Од музејот се украдени осум историски предмети од кралските и царските колекции – меѓу кои дијадеми, огрлици и обетки.
Меѓу целите на нападот била и круната на царицата Евгенија, сопругата на Наполеон III, која сепак испаднала за време на бегството и била најдена во близина на музејот со видливи оштетувања.
Музејот ја затвори галеријата „Аполон“ и започна безбедносна ревизија.
Реакција на Макрон
Францускиот претседател Емануел Макрон реагираше по инцидентот, нарекувајќи ја кражбата „напад врз националното наследство“.
„Кражбата извршена во Лувр е напад на нашата историја и култура. Делата ќе бидат вратени, а сторителите ќе бидат изведени пред правда,“ напиша Макрон, најавувајќи и засилена безбедност во музејот за заштита на културното богатство на Франција.
Страв од уништување на украдените дела
Експертите предупредуваат дека иако предметите се многу препознатливи и тешко продажливи, постои ризик тие да бидат растопени или преработени за да се сокрие нивното потекло.