Глобален прекин на интернет: Апликации и сајтови ширум светот недостапни поради проблеми со Amazon Web Services

Многу од најпопуларните светски апликации и интернет сајтови се недостапни поради дефект во услугата Amazon Web Services (AWS), јавува BBC.

Според податоците на Downdetector, корисниците пријавуваат прекини во работата на апликации како Snapchat, Zoom, Canva, Roblox, Signal, Slack, Duolingo и други. Некои апликации работат само за дел од корисниците.

Проблемот влијае и на работата на повеќе банки и финансиски институции, бидејќи инфраструктурата на AWS е основа за функционирањето на милиони веб-страници и платформи на големи компании.

Amazon објави дека екипите работат на отклонување на дефектот и враќање на услугите во нормала.

Зачлени се на нашиот е-билтен