Од вечерва на полноќ се намалува цената на дизелот и маслото за горење за еден денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според новата одлука, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат:
- Еуродизел БС (Д-Е V): 67 денари за литар
- Масло за горење (Екстра лесно 1 – ЕЛ-1): 66,5 денари за литар
- Еуросупер 95: 74 денари за литар (без промена)
- Еуросупер 98: 75 денари за литар (без промена)
- Мазут М-1 НС: 36,047 денари за килограм (намалување од 0,614 денари)
РКЕ соопшти дека новите цени се резултат на намалување на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, кое во просек изнесува 0,93 проценти во однос на претходната одлука од 13 октомври.
„Референтните цени бележат намалување во просек од 1,27% кај бензините, 3,25% кај дизелот, 3,96% кај екстра лесното масло и 3,14% кај мазутот. Курсот на денарот во однос на доларот во истиот период е повисок за 0,55%“, стои во соопштението на РКЕ.
Новите цени стапуваат во сила од 21 октомври 2025 година во 00:01 часот.
Од Комисијата потсетуваат дека овие се максимални цени, а трговците можат да продаваат и по пониски цени од утврдените.