(ВИДЕО) Никола Саркози пристигна во затвор: Поддржувачите му скандираа и ја пееја Марсељезата

Поранешниот француски претседател Никола Саркози пристигна во затвор во Париз за да ја започне петгодишната затворска казна за криминална завера поврзана со нелегално финансирање на неговата изборна кампања во 2007 година со средства од Либија.

Саркози, заедно со сопругата Карла Бруни, ја напушти својата куќа во придружба на полицијата, а на социјалните мрежи објави дека „еден невин човек е затворен“.

Пред неговиот дом се собраа стотици поддржувачи кои му скандираа „Никола, Никола“ и ја пееја француската химна. Некои носеа транспаренти со натписи „Храброст, Никола, врати се брзо“ и „Вистинска Франција е со тебе“.

Саркози, кој има 70 години, ќе биде сам во ќелија поради безбедносни причини. Неговиот адвокат истакна дека затворот само ја зголемува неговата решеност да докаже дека е невин, а поранешниот претседател најави дека ќе напише книга за своето искуство зад решетки.

Во пресрет на заминувањето во затвор, Саркози бил примен и од актуелниот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата.

Зачлени се на нашиот е-билтен