На покана од македонскиот Културно-информативниот центар во Тирана, меѓународно афирмираната група „Фолтин“ од Битола имаше бележит настап на фестивалот „Cloud“во Тирана, во соседна Албанија.
Настапот на „Фолтин“ започна хипнотично и мирно, спокојно. Песните се редеа една за друга од сите нивни албуми, а бендот звучеше префинето и светски, пишува во текстот на социјалните мрежи на македонскиот Културно-информативниот центар во Тирана.
На крајот публиката стана и започна да игра и токму кога се очекуваше крај на концертот, тој како да започна уште еднаш. Следеа половина час каде што публиката играше и покажуваше големи емоции кон нашите музичари и нивната музика.
Прекрасниот концерт на „Фолтин“ во Тирана кој проследен од мнозина тиранчани, дипломати, професори на француското училиште во Тирана, како и дел од учесниците на „Берлинскиот процес“ во Тирана.
Настаните на фестивалот вообичаено се одржуваат секој мај во центарот на градот во текот на триесеттина дена и на него настапуваат повеке од 600 артисти од повеќе земји.
Ланската година гостин на фестивалот од Северна Македонија беше бендот „Љубојна“.