Според соопштението на британското Министерство за надворешни работи, лидерите ќе разговараат за стабилноста, безбедноста и економската соработка во регионот, како и борбата против нелегалната миграција
Во Лондон денеска се одржува 12-иот Самит за Западен Балкан, како дел од Берлинскиот процес кој ги здружува лидерите на земјите од регионот и Европската Унија со цел зајакнување на политичката, економската и инфраструктурната соработка и забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан.
Домаќин на Самитот е британскиот премиер Кир Стармер, а учесници се премиерите на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, на Србија, Ѓуро Мацут, на Косово, Албин Курти, на Црна Гора Милојко Спајиќ, на Албанија, Еди Рама и претседателката на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто.
На Самитот ќе има и претставници од Германија, Франција и други членки на Европската Унија.
Според соопштението на британското Министерство за надворешни работи, лидерите ќе разговараат за стабилноста, безбедноста и економската соработка во регионот, како и борбата против нелегалната миграција.
Лидерите на Западен Балкан и Европската Унија досега се состанаа 11 пати – четирипати во Берлин, и по еднаш во Лондон, Виена, Париз, Трст, Познањ, Софија и Тирана.