(ВИДЕО) Мал авион со 12 лица се урна во Кенија

Мал авион се урна утрово во крајбрежната област Kwale во Кенија, додека летал кон Националниот резерват Maasai Mara. Се стравува дека во несреќата загинале сите 12 лица во авионот, соопштија официјални лица, а пренесува AP.

Несреќата се случила на брдовито и шумовито подрачје, околу 40 километри од аеродромот Diani. Kenиската управа за цивилно воздухопловство потврди дека сите 12 лица биле во авионот и дека се истражува причината за падот.

Maasai Mara е популарна туристичка дестинација, позната по годишната миграција на гнуата од соседниот Серенгети во Танзанија.

Зачлени се на нашиот е-билтен