Македонски компании на швајцарскиот пазар: нови можности за инвестиции и партнерства

Во Скопје денес се одржува Македонско-Швајцарски бизнис форум, посветен на можностите за зголемена деловна соработка меѓу двете земји. Настанот, организиран од стопанските комори на Северна Македонија и Швајцарија, е насловен „Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: деловен раст и партнерства“.

Главната цел на форумот е поттикнување на размена на искуства, идеи и визии за економскиот развој, како и создавање нови можности за инвестиции и деловни партнерства меѓу швајцарските и македонските компании.

Форумот претставува платформа за директен контакт меѓу бизнис-заедниците на двете земји и придонесува кон подобро разбирање на потенцијалите на македонската економија на швајцарскиот пазар.

Зачлени се на нашиот е-билтен