Се потврди најлошото, ИПАРД 3 програмата е суспендирана поради корупцискиот мега скандал на власта и дека Само кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт се суспендира ИПАРД, се вели во соопштението на СДСМ.
Во обраќањето до јавноста и медиумите во соопштението уште де наведува:
Земјоделците остануваат без потребната поддршка, поради корупција, партизација и неспособност на кадрите на ДПМНЕ.
Суспендирањето на ИПАРД 3 програмата е тежок удар врз македонското земјоделство, врз илјадници земјоделци и компании кои веќе имаат склучени договори и реализираат инвестиции.
Овој мега скандал е показател за систем на корупција и клиентелизам што целосно ја разорува довербата на граѓаните во институциите.
Владата, вицепремиерот за европски прашања, министерката за финансии и министерот за земјоделство биле известени за суспензијата уште во петокот, но не ја информирале јавноста.
Прашањето сега е кој ќе понесе одговорност за овој мега скандал?
Кој ќе одговара за штетите што ќе ги претрпат земјоделците и инвеститорите? Кој ќе одговара за криењето информации од јавноста?
Ќе поднесе ли конечно Цветан Трипуновски оставка?
Оние што се гонат за корупција се луѓе директно поставени од Мицкоски и блиски соработници на Трипуновски од министерството, затоа политичката одговорност за овој случај мора да има.
Ќе го повика ли Мицкоски на одговорност Трипиновски или ќе продолжи да го штити?

