Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Злоупотребено логото на Фокус за ширење сексизам и дезинформации кон Зајкова

Фотомонтажа на твитер профил

Пратеничката и лидерка на политичката партија ЛДП, Моника Зајкова е мета на говор на омраза и сексистички напади со измислена вест која наводно е објавена во Фокус. Твитер профилот Апсаана објави фотомонтажа злоупотребувајќи го логото на порталот Фокус со наслов „Секогаш ќе бидам швалерка на Таче вели Зајкова“.

Содржина со ваков сексистички наслов не се појавува ниту на Гугл пребарувачот.

Од Фокус за ЦИВИЛ Медиа потврдуваат дека ваква содржина не е објавена на нивниот сајт и дека е злоупотребено логото на сајтот.

Ваквите дезинформации и сексистички напади следуваат по изјавата на Зајкова дека е по потекло од Кукуш, говори македонски јазик и секогаш ќе биде горда Македонка.

Инаку профилот Апсаана и останатите твитер профили кои ја споделија оваа дезинформација на социјалните мрежи редовно ја подржуваат политичката партија Левица и најчесто шират партиска пропаганда преку лаги и дезинформации.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ 

Зачлени се на нашиот е-билтен