Повеќе од 1.000 студенти останаа без субвенциониран студентски оброк, не по нивна вина, објавија денеска СтудентаријаМК, инстаграм профил кој се декларира како извор за информации на најголемата заедница на студентите во Македонија.
Поради бавни и неефикасни административни постапки на дел од факултетите и институциите, многу студенти не се најдоа на листите за ноември, по што им беше прекинато правото на субвенциониран оброк, се вели во нивната објава.
„Сега, кога рокот за аплицирање е завршен, тие ќе можат повторно да аплицираат дури во декември, што значи дека ќе останат без оброк цели два месеца“, информираат од СтудентаријаМК и апелираата Министерството за образование и наука што поскоро да излезе во пресрет и да им го овозможи правото на студентите што им следува со закон.

