Министерот за надворешни работи и меѓународна трговија, Тимчо Муцунски, не реагираше кога денеска на прес конференција потпретседателот на Европската инвестициска банка Роберт Де Грот ги нарече макдонските граѓани Северномакедонци.
На видеото што е во прилог на овој текст, на седмата минута и 35 секунди (7:35), де Грот вели: „Убеден сум дека заедно можеме да изградиме подобра иднина за Северномакедонците“.
Министерот го премолчи овој момент и, бидејќи со обраќањето на де Грот завршија неговото и обраќањето на Муцунски, тој само ја продолжи прес конференцијата и ги праша новионарите дали имаат прашања.
Потпретседателот на Европската инвестициска банка Роберт Де Грот денеска престојуваше во Скопје и оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
По состанокот беше потпишана Спогодба за отворање на претставништво на ЕИБ во Скопје. Министерот Муцунски на заедничката прес-конференција со Де Грот во Владата по потпишувањето на документот истакна дека овој чин претставува значаен чекор во продлабочувањето на врските со Европската Унија и унапредување на партнерството со европските институции, нагласувајќи дека од независноста до денес ЕИБ има инвестирано над 1,6 милијарди евра во клучни сектори за стабилен развој на државата.

