Блумберг: Со предвидените нови задолжувања, Македонија како Африка

Блумберг

Каде да се најдат пари за покривање на старите долгови и финансирање на буџетскиот дефицит на државата е прашање што заслужува сериозно внимание ако се земе предвид дека Македонија за оваа намена ќе треба да се задолжи 120,6 милијарди денари (1,96 милијарда евра) следната година.

Како што пишува угледниот БлумбергАдрија кога се во прашање економско-финансиските анализи, според проекциите во предлог-буџетот за 2026 година, кој е веќе влезен во собраниска процедура, предвиденото ниво на домашно задолжување изнесува 35,6 милијарди денари (578 милиони евра), а ќе се обезбеди преку задолжување со издавање државни хартии од вредност или домашен заем.

Задолжувањето во странство во вкупен износ од 85 милијарди денари (околу 1,38 милијарда евра) ќе се реализира преку издавање еврообврзница, како и од други извори (повлекување средства од кредитни линии од странски финансиски институции наменети за финансирање одделни проекти или буџетски дефицит).

Со оглед на тоа што нашата држава треба да обезбеди огромна сума на меѓународниот пазар на капитал, аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ отсликува низ каква диоптрија би можеле инвеститорите да ја гледаат нашата држава кога ќе „мерат“ колкава цена треба да платиме за новите заеми.

Самиот наслов на медиумската анализа Скапо нѐ чини рејтингот: Македонија поблиску до Африка отколку до регионот за нови задолжувања, доволно зборува за тоа. Повеќе на линкот.

Зачлени се на нашиот е-билтен