Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Курти контра Лајчак: Договорот мора да има взаемно признавање меѓу Косово и Србија

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека француско-германскиот план треба да има взаемно признавање меѓу Косово и Србија.

Тој оваа изјава ја даде зборувајќи за средбата што ја одржа синоќа со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак, пренесуваат косовските медиуми.

„Договорот треба да има взаемно признавање во центарот бидејќи само на тој начин можеме целосно да ги нормализираме односите меѓу Косово и Србија“, рече Курти, а истовремено зборуваше и за договорите постигнати во текот на годините со Србија.

За договорот на Заедницата на општините со српско мнозинство, Курти рече дека тоа е единствениот договор што не го поминал тестот на Уставниот суд на Косово.

„Има инсистирање од различни меѓународни фактори Заедницата на општините со српско мнозинство, како што е потпишано на 19 април 2013 година и потоа елаборирано во седум поглавја со потпис на 25 август 2015 година, да биде повеќе нагласено, но тој договор е веќе нагласен, затоа што е единствениот од 33 (договори) што не го положил тестот на Уставниот суд, па на некој начин можеме да кажеме дека тој договор е истакнат во правна и уставна смисла затоа што не го положил тестот“, изјави Курти.

Лајчак: Се согласивме дека сите договори за дијалог од минатото треба да се спроведат

Емисарот на ЕУ за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак, доцна синоќа објави на својот Твитер дека имал работен ручек со косовскиот премиер Курти и вицепремиерот Бесник Бислими. Сепак, тој додаде дека се согласиле да ги спроведат сите минати договори меѓу Косово и Србија.

Back in Kosovo today to continue my frank, open and intense discussions with PM @albinkurti and DPM @BislimiBesnik on next steps and the way forward on normalisation of relations with Serbia. We also agreed that all past Dialogue Agreements must be fully implemented. pic.twitter.com/

— Miroslav Lajčák (@MiroslavLajcak) January 25, 2023

„Се враќам во Косово за да ги продолжам моите искрени, отворени и интензивни дискусии со премиерот Албин Курти и вицепремиерот Бесник Бислими за следните чекори и патот за нормализација на односите со Србија“, рече Лајчак.

„Ние, исто така, се согласивме дека сите минати договори за дијалог треба да бидат целосно спроведени“, напиша тој.

Што рекоа аналетичарите за ЗСО

 Газмир Раци, советник на Едита Тахири, поранешна вицепремиерка и лидерка на косовскиот тим во техничките разговори со Србија, за ЦИВИЛ Медиа изјави дека нема потреба за стравувања од спроведувањето на договор.

„Нема зошто да стравуваме од спроведувањето на договорот, бидејќи сега имаме нова ситуација, по одлуката на Уставниот суд, така што третманот на овој договор треба да биде усогласено со препораките од одлуката, бидејќи и Косово и Србија, со меѓународно присуство во 2015 година се сложиле дека што и да се случи со Заедницата, Уставниот суд на Република Косово ќе го даде последниот збор, со верификација на уставноста на договорот“.

Универзитетскиот професор Милазим Красниќи од Приштина, за Цивил Медиа истакна дека ова е меѓународна обврска што Косово ја доби со ратификацијата во косовскиот Парламент, и секако дека таа Заедница треба да се формира согласно законите на Уставниот суд во врска со договорот.

„Одбивањето е речиси невозможно, како што изјави и американскиот емисар Ескобар, кој рече дека може да се формира и без Курти. Доколку ова се деконструира, се чини дека Владата може дури и да биде соборена ако остане тврдоглава во одбивањето“, рече Красниќи

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново