Народната банка информира дека во октомври се бележи годишен раст на вкупните депозити од 11,8 проценти, како и на вкупните кредити за 12,1 процент.
Според НБРМ, растот на вкупните депозити, пред се, се должи на растот на депозитите кај домаќинствата, а растот кај кредитите произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор.
Физичките лица најмногу земале потрошувачки и станбени кредити и кај нив е забележан годишен раст соодветно од 10,2 проценти и 16,1 проценти.
Намалување се забележува кај автомобилските кредити и тоа изнесува 1,9% на годишно ниво, а пад на годишно ниво бележат и кредитите одобрени на кредитни картички.

