Пазарен инспекторат најавува засилени контроли за „Блек Фрајдеј“

Од ДПИ ги повикуваат граѓаните секоја нерегуларност да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или на www.dpi.gov.mk

Државниот пазарен инспекторат информира дека по повод најавените продажни поттикнувања “Black Friday” акции ќе врши засилени вонредни инспекциски надзори кај сите трговци на целата територија на државата.

Целта како што наведуваат оттаму, е да се обезбеди заштита на потрошувачите од нечесни трговски практики како и почитување на законските обврски од страна на трговците кои нудат попусти.

„Апелираме до сите трговци да обезбедат фер пазарни услови и да ги почитуваат законските обврски.
Секоја неправилност, доведување во заблуда на потрошувачите и измамнички дејствија ќе резултира со соодветни мерки од страна на Државниот пазарен инспекторат во согласност со законите.“ се наведува во соопштението.

Од ДПИ ги повикуваат граѓаните секоја нерегуларност да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или на www.dpi.gov.mk.

Зачлени се на нашиот е-билтен