[ВИДЕО] Стотици ајкули снимени како се хранат со јата риби на источниот брег на Австралија

Необичен, но импресивен природен спектакл беше забележан кај Бајрон Беј на источниот брег на Австралија, каде стотици ајкули се појавија во плитките води привлечени од огромни јата ситна риба, јавуваат локалните медиуми.

За време на викендот, жителите снимиле црни и сиви ајкули, како и бик-ајкули, како масовно кружат покрај брегот и се хранат со јатата риби, пренесува Гардијан.

Видео-снимките од плажата Талоу, на кои се гледа како ајкулите го туркаат јатото кон карпите додека близу нив пливаат нуркачи, брзо се проширија на социјалните мрежи.

Фотографи кои го документирале настанот со дронови проценуваат дека во еден момент имало повеќе од сто ајкули во водата.

Стручњаците нагласуваат дека ваквото однесување е природно, но и предупредуваат дека морето во такви услови не е безбедно за капачи.
„Луѓето треба да разберат што гледаат и да ја почитуваат природата, бидејќи ајкулите тогаш се во изразен режим на хранење“, изјави еден истражувач на морската средина.

До вторник, јатата риби се повлекле, а ајкулите речиси целосно исчезнале од плитките води, соопштуваат локалните извори.

Зачлени се на нашиот е-билтен