Колку пари се потребни за да живее како од филмот „Сам дома“?

Домот каде што е сниман филмот во Винетка, Илиноис, е продаден минатата пролет за 5,25 милиони долари, што дополнително ја поттикнува перцепцијата за богатство.

Како што се приближуваат празниците, интересот за филмската класика „Сам дома“ повторно расте, а со него и старото прашање каква била вистинската финансиска моќ на семејството Мекалистер, кое живее во огромна куќа и нарачува десет пици пред да оди во Париз?

Впечаток и реална слика

Финансискиот експерт Коди Гарет истакнува дека семејството сигурно било добро ситуирано, што може да се види веќе во првите сцени од филмот. Сепак, откако ги анализирал нивните финансии од првите два дела и разговарал со 25 други експерти на посебен вебинар, тој заклучил дека Мекалистерови изгледаат побогати отколку што можеби биле. Според него, нивниот начин на живот бил дарежлив, но тоа не мора да значи целосна финансиска сигурност.

Домот каде што е сниман филмот во Винетка, Илиноис, е продаден минатата пролет за 5,25 милиони долари, што дополнително ја поттикнува перцепцијата за богатство. Според проценката на „Зилоу“, купувачот би можел да добие заем за таков имот со минимален годишен приход од околу 34.000 долари, но за удобно финансирање на тој дом, потребен е приход од најмалку 100.000 долари, под претпоставка дека една третина оди за ратата на заемот. Кример од „Зилоу“ проценува дека во 1990 година, кога е снимен филмот, куќата веројатно чинела помалку од половина милион долари, што е значајна, но не и екстремна бројка во тоа време.

Автомобили и патувања

Филмовите прикажуваат релативно нови возила од ерата, „Бјуик Електра Естејт Вагон“ од 1986 година и „Бјуик ЛеСабре“ од 1990 година. Гарет проценува дека секој од тие автомобили денес би вредел околу 40.000 долари. Од друга страна, цената на авионските билети за семејно божиќно патување денес би била помеѓу 25.000 и 55.650 долари, според CNBC.

Иако филмот создава впечаток за голем раскош, експертите веруваат дека Мекалистерови биле финансиски стабилни и добро ситуирани, но не и супербогати. Инфлацијата, пазарните вредности и специфичниот контекст на времето придонесуваат нивната ситуација денес да изгледа многу полуксузна отколку што всушност била на почетокот на деведесеттите години.

Зачлени се на нашиот е-билтен