По загубата на Симеон Чулев, „Танец“ го откажува годишниот концерт

Со длабока тага и неверување, Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, ја известува јавноста дека се откажува годишниот концерт кој беше претходно најавен за 20.12.2025 година, поради ненадејната смрт на нашиот долгогодишен колега, истакнат играорец, солист и кореограф Симеон Чулев.

Загубата на Симеон Чулев е огромна и ненадоместлива за целиот ансамбл. Тој беше нераскинлив дел од играорниот кор на „Танец“, уметник кој со својата посветеност, енергија и врвно мајсторство остави неизбришлив белег во историјата на македонската фолклорна уметност.

Во овие моменти на голема жалост, сите членови на „Танец“, сметаме дека во вакви мигови на тага, не е можно да се слави традицијата на сцена, кога ја изгубивме една од нејзините најсветли фигури“ велат од Танец.

Информации за рефундирање на билетите:

Сите граѓани кои веќе купиле влезници за концертот, ќе можат да ги рефундираат средствата на продажната мрежа од каде што се купени билетите.
За дополнителни детали околу новиот термин или евентуални измени, јавноста ќе биде навремено известена.

Зачлени се на нашиот е-билтен