Дали некогаш сте се запрашале колку електрична енергија користи ChatGPT? Според најновата пресметка, четботот на OpenAI троши околу 17,23 терават-часови (TWh) електрична енергија годишно, што е повеќе од целата потрошувачка на Словенија.
Според истражувањето на Универзитетот во Род Ајленд, ChatGPT троши околу 0,189 киловат-часови по барање, а годишната потрошувачка се базира на пресметката дека 810 милиони активни корисници поставуваат просечно 22 прашања неделно, објавува Delo.
На дневна основа, ChatGPT обработува повеќе од 2,5 милијарди барања, што троши 47,2 мегават-часови (MWh) електрична енергија.
Оваа енергија е доволна за полнење на 238 милиони електрични возила со батерии со капацитет од 72,4 kWh.
За споредба, просечното домаќинство во САД или Западна Европа троши 29 kWh електрична енергија дневно.
Претставникот на компанијата „БестБрокерс“, Алан Голдберг, забележува дека енергетската ефикасност на системот се подобрува, но и дека растот на бројот на корисници и потрошувачката поради зголемената сложеност на моделот на вештачка интелигенција ги поништува тие заштеди.
Доколку нема технолошка иновација, трошоците за користење на вештачка интелигенција би можеле да пораснат уште повеќе, забележува Голдберг.