Утре избори во Косово

Во изборната трка влегуваат коалицијата околу Самоопределување, на Аљбин Курти, и Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово, Алијансата за иднината на Косово и Социјалдемократската иницијатива

Вонредни парламентарни избори во Косово, на кои повеќе од два милиони граѓани ќе избираат меѓу 24 политички опции, ќе се одржат утре, а гласањето веќе започна денес во дипломатските мисии на Косово во странство.

Во трката за освојување на власта ќе се борат коалицијата околу Самоопределување, предводена од поранешниот премиер Аљбин Курти, и Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово, Алијансата за иднината на Косово и Социјалдемократската иницијатива, кои самостојно ќе се натпреваруваат на изборите.

Од партиите на српската заедница, за изборите се пријавија Српска листа, Косовска алијанса и За слобода, правда и останка.

Гласачките места ќе бидат отворени во седум часот, кога беа отворени утрово во дипломатските мисии на Косово во 18 земји, каде што право на глас имаат 19.187 регистрирани гласачи.

Претходните парламентарни избори во Косово беа одржани на 9 февруари, а новите беа распишани бидејќи ниту еден претставник за состав на владата не доби доволна поддршка од Собранието на Косово. Претходно имаше проблеми со изборот на претседател на Парламентот.

Зачлени се на нашиот е-билтен