ВМРО-ДПМНЕ за еден ден го продадоа Никола Груевски, затоа се плашат од негово враќање, иако во сегашното раководтство се свесни дека и имаат одговорност кон него, вели во интервју за Рацинмк Љубчо Георгиевски.
На прашањето дали заради тоа не беше обновено барањето на негова екстрадиција од Унгарија, Георгиевски вели:
Очигледно кај нив суетите и стравот од неговото враќање, се поголеми. Реално сметам дека Груевски не управува со нив. Повеќе се работи за реален проблем. Меѓутоа јас сметам дека тоа е срам за ВМРО ДПМНЕ. Тие луѓе единаесет години се колнеа во неговото име. Она што ме изненадува е дека во ВМРО ДПМНЕ кон мене имаше многу голема емоција, подолотрајна емоција, отколку кон Никола Груевски. Никола Груевски буквално за еден ден го продадоа.
Георгиевски вели дека тоа можеби звучи малку еретички, но тој вели дека така гледа на тоа.
„Тоа е морално прашање за тие што денеска управуваат со ВМРО. Чекајте, луѓе, Никола Груевски единнаесет години ве држеше на власт. Бевте министри, бевте директори, бевте началници, бевте се и сèшто. Тој ви ја даваше власта, така?“, вели во интервјуто за Рацин.мк, еден од основачите и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски.
Целото интервју со Љубчо Георгивски, на актуелни прашања од политиката ќе биде објавено утре. Во него тој се осврнува на односите со Бугарија, на евроинтеграциите, на односите со соседите, на состојбите во ВМРО-ДПМНЕ и на повеќе други прашања.