Новогодишното шоу со дронови во Будва заврши неславно и со значителна материјална штета бидејќи леталото почна да паѓа пред голем број граѓани собрани на дочекот.
Инцидентот се случил на почетокот на „шоуто со дронови“, кое требало да го означи влегувањето во 2026 година.
При падот на голем број дронови во Будва, никој не е повреден, изјави полицијата во Будва за медиумите, кои, сепак, сè уште не објавија подетални информации за овој инцидент и штетата.
Останува нејасно што точно го предизвикало падот на стотиците летала. Станува збор за скапоцено шоу вредно десетици илјади евра.
Причините за инцидентот ќе ги утврдува вештак кој ќе биде ангажиран од страна на обвинителот, за да се открие дали станува збор за техничка грешка, хакерски напад или пречки во сигналот.